Свет
23. November 2015 - 13:15

Скај ТВ: Тешко до единствен фронт против џихадистите од ИД

Големите западни сили и Русија тешко ќе може да се спогодат околу заедничките и координирани операции во војната против џихадистите од Исламска држава (ИД), затоа што меѓу нив и понатаму постои голема недоверба, тврди британската телевизија Скај, повикувајќи се анализите на поранешни разузнавачки експерти.

Според овие извори, еден од главните проблеми ќе биде „одбивањето на Британија“ да дели разузнавачки сознанија и податоци со Русија.

Размената на разузнавачки податоци „нормално функционира“ меѓу Британија и САД, како и меѓу британските и другите големи разузнавачки служби, посебно кога станува збор за антитерористичките операции.

Експертите веруваат дека таа „разработена“ соработка од двете страни на Атлантикот, потпомогната со сознанијата од теренот на Блискиот и Средниот Исток, на сојузничките агенции од земјите во овие региони, овозможи во минатото да се блокираат и да се спречат терористички заговори на британска почва, но дека таква доверба не постои на реалицијата меѓу Лондон и Москва.

Недовребата беше присутна и порано, но по украинската криза, руската анексија на Крим, во март минатата година и помошта на Русија за бунтовничките сили во реонот на Донецк и Луганск, руско-британските односи се крајно заладени.

Официјален Лондон е најгласен во „казнувањето„ на Москва околу украинските случувања, а Британија останува „тврда„ и кон сирискиот конфликт, инсистирајќи на тргање од власта на претседателот Башар ал Асад.

Британците го обвинуваат Асад за „раѓањето на ИД„ и не веруваат во руските тврдења дека се бомбардираат позициите на џихадистите. Владата во Лондон продолжува да ја обвинува Москва дека сака само да го задржи на власт „својот сојузник„ во Дамаск.

Рускиот претседател Ваадимир Путин, уште на почетокот на интервенцијата против џихадистите на ИД и сите терористички групи на сирискиот фронт, им понуди на САД и на Западот, соработа во борбата за уништување на Исламска држава, но за тоа не се зборуваше до терористичките напади во Париз.

Од тогаш, повик за „здржување на силите„ на САД и Русија, како и на целата меѓунраодна заедница, побара генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, а „зелено светло за тоа даде и Советот за безбедност.

По париските случувања, заедничка и координирана борба со џихадистите и тероризмот, веднаш побара и фрнацускиот претседател Франсоа Оланд.Тој сега смета дека без тоа тешко ќе може да се совлада ИД.

Француските борбени авиони речиси секојденевно ги напаѓаат позициите на џихадистите во Сирија, како што тоа го прават и руските авиони, но без меѓусебна координација.

Оланд денеска се среќава во Париз со британскиот премиер Дејвид Камерон, за да разговата околу обединувањето на силите против ИД, а потоа ќе патува во Вашингтон, на средба со претседателот Барак Обама, како и во Москва, на разговор со претседателот Путин.

Во британската јавност се врши притисок врз Камерон да застане „рамо до рамо„ со Франција во борбата со тероризмот, а британскиот премиер денеска порача дека „ќе го поразиме тероримот и отровната идеологија која го потпалува„ но засега никој во Лондон не ја споменува и Русија во тоа заедничка антитерористичка борба.

Москва, пак, и понатаму не сака да биде дел од меѓународните сили кои дејствуваат против ИД, во Ирак и во Сирија.