Спорт плус
11. December 2016 - 17:46

СК Слалом: Победи на Шифрин и Кристоферсон

 
Норвешкиот скијач Хенрик Кристоферсен е победник на слаломот што за Светскиот куп се возеше во Вал Д Изер, додека Американката Микаела Шифрин е победник на слаломот возен во Италијанскиот центар Сестриере...
Кристоферсен победи благодарејќи на одличното второ возење откако по првата освои трето време по вредност и на крај триумфираше со 75 големи стотинки од секундата предност пред најдобриот скијач на денешницата Австриецот Марсел Хиршер додека трет беше Русинот Александар Хорошилов.  Водечкиот по првото возење и победник на вчерашниот велеслалом Французинот Алексис Пинтуро се откажа во втората трка.  Во генералниот пласман води Хиршер со 440 бодови пред Пинтуро со 285. 
Шифрин пак победи по 23-ти пат во кариерата и тоа доминантно со 1.09 секунди предност пред Вероника Зузулова од Словачка додека трета беше Венди Холденер од Швајцарија.