Спорт плус
7. January 2019 - 19:05

СК Скијање: Тежок пад на Демченко

Тежок пад имаше руската репрезентативка Викторија Демченко на трката од Светскиот куп во Германија каде ја загуби рамнотежата и удри со главата во мразот а потоа и во оградата.  Според информациите 23 годишната Демченко ја загубила свеста по што е хоспитализирана со тешки повреди на главата но во стабилна состојба.  Викторија е ќерка на прославениот Алберт Дмченко кој во санкање освои три сребрени медали на олимписките игри.

https://