Спорт плус
10. March 2023 - 21:22

СК: Шифрин победи во Оре и го израмни рекордот на легендарниот Стенмарк

Историски резултат за  Микаела Шифрин која  славеше на трката во велеслалом во Оре со време 1.54,64 и израмни рекорд на легендарниот Ингемар Стенмарк.
Шифрин стигна до 86 победи, колку што има и Стенмарк, а воедно ова ѝ беше 20. триумф во велеслалом во Светскиот Куп и така го освои малиот „Кристален глобус“ во таа дисциплина.
Американката е прва и во генералниот пласман со 1.928 бодови, пред Влхова од Словачка  која има 1.025 и Швајцарката Гут-Бехрами со 1.007.