Македонија
5. February 2017 - 17:11

СЈО во акција да му помогне на Заев во преговорите со ДУИ, следат пресови на Катица

Специјалното јавно обвинителство се спрема за помош. Зоран Заев не може да формира Влада, па се очекува уште од утре тимот на Катица Јанева да се активира со нови политички монтирани спектакли, со намера да му помогнат на аболицираниот Заев да обезбеди 61 пратеник, за да формира Влада. Ова е дел од написот во Република, која анализира дека Специјалното обвинителство го аболицираше Заев за случајот “Пуч”, за да му го исчисти патот да може да бара мандат за Влада.

Според информациите на порталот, наредната недела треба да биде одбележана со спектакли на СЈО, кои ќе имаат за цел повторно е да се оцрни ВМРО-ДПМНЕ. Сознанијата до кои дошле од Република велат дека во Специјалното јавно обвинителство се повикуваат функционери, но и 1000 до 1500 членови. Главна цел на СЈО ќе биде конструирање на предметите поврзани со изборите 2014 година, како и фабрикување на нов кој би се однесувал на финансирањето на партијата.

За разлика од транспарентното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, барем засега останува енигма за јавноста како членовите на СДСМ синхронизирано во ист ден уплатуваат огромни суми на пари на сметка на партијата. Порталот пишува дека Ивана Туфегџиќ, која се истакна во насилните протести, а која во тој момент е невработена, на 26 ноември донира 59.000 денари, а три дена подоцна уште 42.900 денари на сметката на СДСМ. Нејзиниот партнер во насилствата на платеничката револуција Павле Богоевски на сметка на СДСМ на 23 ноември донира 40.000 денари, а пет дена подоцна уште 59.000 денари. Мухамед Зекири, кој беше вработен во СДСМ со плата од 30.000 денари, во рок од 5 дена донирал 130000 денари, или повеќе од 4 свои плати. Во текстот на Република стои дека кога ќе се видат сите овие детали во извештајот на СДСМ испратен до државниот завод за ревизија и постапките на Катица Јанева, воопшто не зачудува што експертите се се погласни дека СЈО делува како партиски орган кому му се поважни нарачаните медиумски спектакли отколку правото и правдата.

Професорот Владо Поповски во гостување на Клик плус на ТВ 21 истакнува дека СЈО држи драматични прес-конференции и дава политички изјави што не прилегаат на еден јавен обвинител.

Според Република, едно е јасно, со аболицијата на Заев и Верушевски во случајот „Пуч“, Катица Јанева го заложи целиот професионален кредибилитет и интегритет кај Зоран Заев, поради што наредниов период не треба да се исклучи дека СЈО целосно ќе ги отвори картите и ќе започне со политички притисок и форсирање на случаи измислени на „Бихаќка“.