Македонија
22. December 2015 - 16:17

СЈО се уште без одговор зошто не превзема мерки за заштита на приватноста на граѓаните

Никој нема логичен одговор зошто специјалното јавно обвинителство не инсистира, иако поминаа сите законски рамки, СДСМ и Заев да ги предадат прислушваните материјали. Од специјалното обвинителство и денеска изостанува и каква било реакција и за вчерашната скандалозна изјава на лидерот на опозицицијата, дека само тој знаел како може да се чуват безбедно над 600.000 телефонски разговори.
 
Политичките аналитичари сметаат дека молкот на Јамеве е во координација со раководството на СДСМ.
 
Ако, на почеток беа проблем просторните капацити, подоцна безбедносните услови, сега откако Владата дала налог на МВР да се обезбеди 24 часовно непречено обезнедување, нејасно е зошто Јанева не го повика Заев да ги достави материјалите.
 
Специјалното обвинителство вчера со писмено соопштение  единствено негодуваше за критиката во медиумите за нивната нетранспарентност.
 
„Ве известувам дека во текот на оваа недела ќе бидат соопштени нови информации за работата на ова Јавно обвинителство, кои периодов предизвикаа интерес во јавноста, а кои не бевме во можност да ги споделиме, поради што за жал одредени медиуми се обидоа да го прикажат ова Јавно обвинителство во едно поинакво светло од она за што ова Јавно обвинителство се залага“, стои во соопштението.
 
Сомнеж дека можеби станува збор за некаква заднинска игра, според познавачите е и тоа што Специјалното јавно обвинителство ги презеде предметите од основното јавно обвинителство, без притоа да бара посеби услови за чување.