Македонија
3. јуни 2016 - 16:18

СЈО призна дека обвинителите имаат плати и до 3500 евра

2000- 3000 евра нето месечна плата заработува секој од специјалните јавни обвинители. На прашање на Утрински весник, обвинителството ги потврди информациите за енормно високи плати кои во изминатиот период излегоа во јавноста.

„Точни се информациите за личните примања на обвинителите во ова јавно обвинителство. Меѓутоа, сакаме да потенцираме дека сите плати, додатоци на плата се пресметуваат согласно законските одредби и не ги надминуваат границите кои што законот ги предвидува“, рече портпаролката на СЈО, Ленче Ристоска.

И покрај тврдењето на Ристоска  дека дополнителни надоместоци се исплаќаат поради обемноста на работата, останува нејасно за колкави суми се работи, ако се земе предвид дека основната плата на специјалните обвинители изнесува 64 000 денари, а според закон додатоците не смеат да бидат поголеми од 35%. Специјалното обвинителсто иако најави, не достави листа на експерти кои се ангажирани од нивна страна и колкави се нивните месечни примања. На прес-конференцијата обелоденија дека на нивниот платен список се Светомир Шкариќ и Александар Тортевски кои во јавноста гласно ги бранеа ставоите на СЈО и лично негираа соработка со оваа институција. 

„Да, професорот Шкариќ и адвокатот Тортевски се, мислам дека се, ќе мора да проверам, меѓутоа мислам дека се ангажирани од ова Јавно обвинителство со тоа што детална листа за ангажирани експери ќе ви биде дополнително дадена“, истакна Ристовска.

Специјалното обвинителство одговори и на обвинувањата за случајот Космос каде како вештак е ангажиран Мирослав Грчев, жесток опонент и критичар на осомичените токму во овој случај. Иако според експертите вештачењето за Космос треба да биде геодетско, СЈО побарало архитет и тоа токму од Архитектонскиот факултет, каде има само едно лице регистрирано и лиценцирано за вршење вештачење.

На прес конференцијата Ристоска потврди дека Специјалното обвинителство поседува нешто повеќе од 500.000 прислушувани разговори, што во јавноста ги отвори дилемите каде се останатите половина разговори кои Заев во интервју за Сител тврдеше дека и ги предал на КАтица ЈАнева и зошто СЈО не превзема никакви мерки да ги обезбеди сите над еден милион приватни разговори на граѓаните кои ги поседува Заев.

Тимот на Јанева очекува аболицијата на претседателот Иванов да биде целосно повлечена и покрај тоа што досега не изготвиле решенија за престанок на постапките кои беа опфатени со помилувањата.Специјалното јавно обвинителство во моментов води 7 истражни постапки против 60 лица, кои во најголем дел се однесуваат на финансиски криминал, додека бројот на предистражни постапки е во континуиран пораст.