СЈО: Прифатено барањето за заштита на законитоста во случајот на Едмонд Темелко
Врховниот суд на Република Македонија на 6 ноември годинава донесе пресуда со која го уважи Барањето за заштита на законитоста поднесено од Специјалното јавно обвинителство, а со која е утврдено дека со решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, во однос на лишувањето од слобода на Едмонд Темелко, е повреден законот во корист на обвинетиот, наведува СЈО во денешното соопштение.
Според СЈО, со пресудата на Врховниот суд потврдено е решението на судијата на претходна постапка од 12 февруари 2016 година, со која беше утврдено дека е законита наредбата на ова Јавно обвинителство за лишување од слобода на Темелко.
Воедно, Врховниот суд најде дека СЈО е надлежно за конкретниот случај, дека има овластувања да издаде наредба за лишување од слобода, да раководи со предистражна постапка, да ги насочува дејствијата на надлежните органи и дека ја има на располагање правосудската полиција. Исто така, со пресудата се укажува дека е погрешен ставот на Кривичниот совет дека наредба за лишување од слобода може да издаде само надлежен суд, туку прецизира, дека основно право и должност на јавен обвинител е да ги гони сторителите на кривични дела и да ги презема потребните мерки и дејствија.
Како потсетување, на 12 февруари 2016 година, по наредба на јавен обвинител на СЈО, Темелко беше лишен од слобода, а од судија на претходна постапка беше побарано да се изрече мерка притвор. Судијата утврдил дека е законито лишувањето од слобода на Темелко, меѓутоа не изрекол мерка притвор, туку мерка на претпазливост. На ова решение на судијата на претходна постапка одбраната на Темелко поднесе жалба, а Кривичен совет на истиот Суд на 19 февруари 2016 година ја уважи жалбата и го преиначи решението на судијата на претходна постапка утврдувајќи дека е незаконито лишувањето од слобода.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри