Македонија
21. March 2018 - 16:46

СЈО отвори нови истраги, меѓу нив и за неуспешниот попис на населението

СЈО отвори истрага за три нови случаи. Првиот случај се однесува на нереализираниот попис од 2011 година. Во овој предмет осомничени се  поранешниот лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Се товарат за одлагање на пописот поради политички причини со што нанеле штета на буџетот од 175 милиони денари.

Во вториот случај осомничен е пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и уште 12 други лица. СЈО ги товари за измама и злоупотреба на службената положба и овластувањата. Третиот случај  се однесува на сл „Актор “ и  изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица. Осомничени се поранешниот премиер Груевски, екс министерот Јанакиевски и уште неколку физички и правни лица.

За осомничените во овие три нови случаи СЈО нема побарано мерка притвор.

Специјалното обвинителство со отворање на овие случаи за прв пат го сомничи лидерот на ДУИ кој беше дел и од  претходната но и од актуелната владина коалиција.