Македонија
18. November 2016 - 16:48

СЈО отвори девети случај: Таргет

Два дена пред официјалниот почеток на изборната кампања, Специјалното јавно обвинителство ја стартуваше кампањата во корист на опозицијата. Под името Таргет, СЈО ја отвори 9-та истрага која се однесува на незаконско следење на комуникациите во периодот од 2008-ма до 2015-та година. Осомничени се 10 лица, поранешни и сегашни вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање, за кои СЈО трвди дека поседува докази дека ја злоупотребиле службената положба и овластување. Во овој период незаконски била следена комуникацијата на најмалку 4.200 телефонски броеви за кои воопшто не била издадаена судска наредба и нешто повеќе од 1500 броеви кои биле прислушувани пред издавање на наредбата.

Специјалното обвинителство нема да бара мерки за претпазливост ниту мерки за обезбедување на осомничените лица во истрагата бидејќи сметаат дека во овој момент тие не можат да влијаат врз постапката или да го повторат делото.