СЈО официјално згаснува
Од денеска стапува на сила новиот закон за Јавното Обвинителство кој става дефинитивен крај на работата на СЈО.
Собранието го донесе овој закон во февруари годинава непосредно пред распуштањето на овој собраниски состав со кој од денеска СЈО заминува во историјата.
Со ова ново законско решение кое беше донесено под жестока собраниска расправа и повеќе месечни преговори помеѓу пратениците се со цел да се обезбеди две третинско мнозинство за негово усвојување на еден начин се обезбеди иднина за сите предмети и обвиненија кои ги покрена СЈО за неговото 4-годишно постоење кои сега преминуваат на Државното Јавно Обвинителство.
Со ова ново законско решение исто така се предвидува и сите оние незаконски телефонски прислушувања повеќе не можат да бидат основа за покренување обвиненија и предмети ниту пак да се користат како докази за судските предмети, туку новиот закон за ЈО предвидува дека телефонските прислушувања можат да бидат само индиции за сторени незаконски дејствија.
Распадот на СЈО стартуваше пред околу 1 година кога и се откри случајот „Рекет“ во која се докажа и директна вмешаност на првиот човек на СЈО, Катица Јанева.
Оваа судска постапка пред 2 недели доби и судска разрешница односно пресуда во која Катица Јанева доби казна затвор од 7 години.
СЈО беше формирано пред изборите пред 4 години, а згаснува само 2 недели пред изборите кои се закажани за 15 јули годинава.
За неговото постоење СЈО покрена 22 обвиненија од кои 5 предмети добија судска завршница, а останатите преминуваат на Државното Јавно Обвинителство.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.