Македонија
12. September 2019 - 16:04

СЈО официјално е подготвено да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази

СЈО ќе ги предаде предметите на Јавното обвинителство.. Во дописот кој го добиле од Јовески, навел дека тоа е во согласнот со законот за СЈО кој предвидува преземање на предметите ако за тоа има писмена дозвола од Катица Јанева..

„Постапувајќи по дописот, до Јавното обвинителство доставено е известување дека СЈО е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази“, се вели во известувањето од специјалното обвинителство..

СЈО не открива детали како ќе се одвива ниту кога ќе почне примопредавањето на предметите.. За обвинителката Ленче Ристоска, СЈО е се уште живо.. Се надева дека наскоро ќе се донесе и новиот закон за јавното обвинителство..

Ристоска денеска како застапник на обинение, беше на судењето за Талир.. Побара отфрлање на дел од понудените сведоци на одбраната.. Според адвокатите, не постојат услови да се води судскиот процес..

Вработените во СЈО пак се плашат за својот статус по предавањето на предметите.. Во писмо испратено до претседателот и премиерот на државата, амбасадите на ЕУ, САД и Холандија, велат дека со тоа постоењето на СЈО е безпредметно и не знаат што ќе се случува со нив..