Македонија
28. October 2016 - 18:35

СЈО: Надворешен експерт овозможи помош при постапување на судска наредба

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) информира дека согласно судската наредба за прибавување компјутерски податоци од помошни сервери во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), денеска со помош на надворешен експерт обезбеден од производителот на помошните сервери кои се во сопственост на телекомуникациските оператори, а физички се наоѓаат во УБК, е извршено одземање на сите податоци од помошните сервери согласно судската наредба.

- Појаснуваме дека предметот е во предистражна постапка и во овој момент не сме во можност да обезбедиме дополнителни информации. Одземените податоци ќе бидат предмет на анализа и нашите наоѓања ќе бидат благовремено споделени со јавноста, се вели во соопштението.

Спроведувањето на судската наредба од страна на надворешниот експерт, наведува СЈО, беше овозможено од Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, а дополнителни гаранции беа дадени и од Министерот за внатрешни работи.