Македонија
3. November 2017 - 13:11

СЈО на средба во Град Скопје за предистражна постапка

Обвинителката во Специјалното јавно обвинителство Ленче Ристовска денеска беше на средба во Град Скопје.

Од СЈО за МИА велат дека Ристовска имала работен состанок со претставници на Град Скопје во врска со предистражна постапка, но повеќе информации засега не можат да откријат. 

На средбата се разговарало за конкретна соработка во врска со предистражните дејствија на СЈО.