Македонија
9. јуни 2016 - 16:11

СЈО ќе го објави списокот на правни соработници во шестмесечниот извештај

Во шест месечниот извештај СЈО ќе го објави одговорот за тоа Кои и колку експерти се наоѓаат на нивниот платен список и за колкави суми се ангажирани?, Ваквиот став денеска доаѓа по изјавата на Специјалната обвинителка Ленче Ристевска, која мината недела најави дека во рок од 3 дена ќе ги достави овие одговори до медиумите.

-Во поглед на прашањата за листата на експерти кои се ангажирани во ова Јавно обвинителство, како што беше истакнато на прес конференцијата одржана на ден 03.06.2016 година, листата на експерти и останатите податоци во врска со нив, ќе биде објавена во вториот шестмесечен извештај за работата на ова Јавно обвинителство, порачуваат од обвинителството на Јаневска.

Ристевска претходно потврди дека професорот Светомир Шкариќ и адвокатот Александар Тортевски се на платниот список на СЈО.

Минатата недела во јавност се појавија информации за висината на платите на обвинителите на Јавена кои со додатоците достигнувале и до суми од над 3000 евра.