Македонија
9. October 2015 - 19:21

СЈО Катица Јанева ги доставила сите финансиски, работни планови, и комплетниот персонален состав до Советот на јавни обвинители, Собранието и Владата

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева ги доставила сите потребни финансики, работни планови, како и комплетниот персонален состав за работа до Советот на јавни обвинители, собранието и Владата. По ова кабинетот на Јанева очекува без какви било проблеми советот да закаже седница и да ги избере сите 14 помошници во нејзиниот тим.

Плановите до Собранието се доставени на известување, додека до Владата и до Советот на јавните обвинители се доставени на имплементација. Како што веќе беше споменато, изразувам очекување Советот за јавни обвинители да ги имплементира плановите и да ги избере јавните обвинители предложени од моја страна, стои во соопштението на Јанева.

Според кабинетот на Јанева плановите биле изработени врз основа на анализата на досега достапните податоци за предметите, очекувањата за прилив на нови предмети, како и реалните потреби за обезбедување на независност и автономност во работењето на Јавното обвинителство.

Според најавите од советот на јавни обвинители, седницата за избор ќе биде закажана следната недела. Во тимот кој го предложи Јанева најголем дел од обвинителите се од Куманово, Скопје и тетово, како и еден од обвинителството за организиран криминал. Спорен некои непотврдени информации објавени во медиумите, Јанева наводно била кетегорична дека доколку и еден од предложените 14 обвинители не биде избран од Советот, таа ќе поднесе оставка на функцијата.