СЈО го повлече барањето за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се откажало од барањето за заштита на законитост со кое бараше замрзнување на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Со барањето за заштита на законитоста СЈО сметаше дека Врховниот суд треба да ги поништи сите претходни судски одлуки кои оневозможуваа замрзнување на имотот на партијата во рамки на истрагата што ја води ова обвинителство „Талир“.
- Барањето за заштита на законитоста се отфрла. Според член 460 став 1 од Законот за кривичната постапка, ако јавниот обвинител го повлече барањето за заштита на законитоста, судот со решение ќе го отфрли барањето, се наведува во одлуката на Врховен, донесена на 14. месецов.
„Талир“ е една од истрагите на СЈО кои произлегуваат од незаконски прислушуваните разговори. При нејзиното објавување од СЈО информираа дека се однесува на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ при што постои основано сомнение дека во периодот од 2009 до 2015 година се злоупотребени 4,9 милиони евра, кои потекнуваат од кривично дело сторено од група лица што преку месните организации на партијата овозможиле перење пари, со внесување пари на партиската сметка преку готовински уплати како лични уплати. СЈО тогаш најави ќе побара замрзнување на дел од имотот на партијата, меѓу кои и на зградата во која е штабот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана