СЈО – адвокат и заштитник на обвинетиот Заев
Денеска и официјално се потврди дека Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е дел од стратегијата на опозицискиот лидер Зоран Заев како да ја избегне кривичната одговорност за поткупот од 200.000 евра што му го побара на струмички бизнисмен.
Адвокатскиот тим на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, побараа изземање на јавниот обвинител Владимир Милошевски од случајот „Поткуп“.Тие бараат изземање на јавниот обвинител затоа што пред 8 месеца му поднеле пријава до СЈО, а СЈО намерно 8 месеци гов чува предметот во фиока
Според нив, постоеле сериозни индиции дека Милошевски е дел од злосторничко здружување и поради тоа поднеле кривична пријава против него до специјалното јавно обвинителство. Одлуката за изземање на Владимир Милошевски треба да ја донесе вишиот јавен обвинител од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.
Заев, според Обвинителството, во својство на градоначалник на Општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по две евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира. Половина од парите, како што стои во обвинението, требало да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.
Заев беше фатен жив на дело како бара пари за мито. На видео снимката која се појави на Јутјуб каналот кристално јасно се гледа и слуша дека опозицискиот лидер бара мито од 200.000 евра. Заев прецизно дава насоки дека за работата која тој ќе ја заврши треба да му биде дадено мито, кое како што Заев сам кажува треба да биде уплатено кај неговиот брат, Вице Заев.
Она што е дополнително скандалозно е тоа дека Заев во видеото отворено признава дека ваквиот тип на коруптивно однесување е стандардна пракса во неговото работење. Тој истакнува и конкретни примери во кои на ваков коруптивен начин и со добивање на мито ја завршувал работата.
По објавената снимка и пријавата, следеше отворање на случајот „Поткуп“ во кој Заев беше обвинет за примање поткуп од 200 илјади евра за приватизација на земјиште. Според обвинителството, Заев како градоначалник на Струмица побарал 200 илјади евра од струмички бизнисмен за да заврши процес на приватизација на државно земјиште.
Ново на Сител
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени