Бизнис
12. February 2019 - 19:38

Сивата економија, корупцијата главни проблеми за бизнисот

Бизнисот се жали од инспекторите. При надзорот инсистираат да најдат неправилност во работењето и често се случувало да се однесуваат непрофесионално.

Ова е само еден од проблемите со кои што се соочуваат фирмите, покажува истражувањето на деловната клима во земјава. Најчести се инспекциите од УЈП, Државниот трудов и Пазарен инспекторат.

Најголем дел од фирмите во земјава сметаат дека државата недоволно се бори со сивата економија. Бизнисот се жали и од судството и од честите промени на законската регулатива. Тоа особено претставува проблем за малите и микро претпријатија, кои чинат 90% од вкупниот број компании во земјава.

Бизнисот со препорака, државата да спроведе итни реформи во борбата со сивата економија и корупцијата, судството да стане ефикасно, да има стабилно макроекономското опкружување и предвидлив даночен систем. Истражувањето се реализираше преку Проект на УСАИД, а опфатени беа 518 фирми.