Бизнис
24. August 2018 - 21:57

Сивата економија е закана за туризмот

Нелојалната конкуренција закана во туризмот . Сивата економија го намалува девизниот прилив, го нарушува имиџот, но и ја загрозува безбедноста на туристите. Водичите бараат поголема инспекциска контрола бидејќи туристичките работници кои работат квалитетно покрај нелојалната конкуренција не можат да бидат конкурентни на пазарот.

Наместо со традиционални специјалитети специфични за нашето поднебје туристите во летната сезона се пречекуваат со секаков вид на храна на подвижни тезги на отворено .

Инаку проблем има и со дивите туристички водичи кои од година во година ги има во се поголем број.Добрите познавачи велат дека овој проблем мора да се реши за да се заштити нашето културно историско богатство а воедно и да се развива туристичката дејност.