Бизнис
11. July 2018 - 21:31

Сивата економија цвета, законот во подготовка

Сивата економија цвета , а законот за прекршочна постапка со кои треба да се санира овој проблем сеуште е во подготовка. Бизнисот досега неколку пати апелираше на високиот процент на фирми кои работат нелегално и на потребата од засилени контроли. Од УЈП пак  велат дека законот е на разгледување  кај  надлежните органи но не презцизираа кога може да се очкеува да биде  готов.  Владата го најавуваше уште минатата година како закон кој треба да ја ублажи казнената политика и да ја зголеми бробата со сивата економија. 

Од бизнисот го чекаат овој закон. Велат дека поради сивата економија фирмите кои работат според законите  губат околу 15 отсто од својот профит, а дупката  во државниот буџет само од еден сектор  изнесува околу 6 милиони евра годишно.

Според анализите во Македонија  има 25 отсто учество на сива економија во вкупната економија. Во последните три години е регистриран најголем раст. Најмноги е застапена во градежништвото но загрижувачка е состојбата и во  индустријата каде цели погодини  работат на црно и  за тоа не плаќаат ништо. Во веропските земји пак процентот на сива економија се движи во рамки од 12 до 15 проценти.