Фудбал
20. February 2019 - 21:34

Сити планира 150 милиони фунти за трансфери

Манчестер Сити планира да вложи 150 милиони фунти за привлекување на тројца нови играчи во летниот преоден рок, информираат англиските изданија.

Тројцата играчи, кои се посакувани од менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола, се британски таленти.

Деклан Рајс од Вест Хем е приоритет за „небесносините“. Младиот фудбалер би требало да го замени Фернандињо во составот на Гвардиола.

Манчестер Сити е подготвен да извади околу 70 милиони фунти, за да го привлече Рајс од „чеканите“.

Во исто време шампионот на Англија има намера да извади 40 милиони фунти за левиот бек на Лестер, Бен Чилвел.

Другата трансфер цел на Манчестер Сити е Арон Ван-Бисака од Кристал Палас.

Во Манчестер Сити се свесни дека ќе имаат сериозна конкуренција за потписите на тројцата фудбалери и за тоа се подготвени да се вклучат во сериозно наддавање.