Фудбал
15. January 2019 - 12:23

Сити го држи чекорот со Ливерпул

Aктуелниот англиски првак Манчестер сити ја продолжува битката за титулата со  Ливерпул кој цврсто е на врвот на Премиер лигата, откако во единствениот понеделнички меч со 3:0 го совладаа тимот на Вулверхемптон благодарение на двата гола на Габриел Жесус.

Бразилецот, кој беше во слаба форма на стартот на сезоната, го отвори резултатот уште во 10. минута, за во 39. минута од пенал да зголеми на 2:0 по престрогиот црвен картон за Вили Боли. Конечните 3:0 за „граѓаните“ беа поставени во 78. минута и тоа преку автоголот на Конор Коуди.

Со победата, Сити се врати на -4 поени од лидерот Ливерпул (53-57), додека „волците“ остануваат 11. со 29 поени.