Македонија
25. November 2021 - 12:32

СИТЕЛ ВО ЖИВО ОД СОФИЈА: Извлечени 44 тела од автобусот

Осмиот преживеан патник се уште е мистерија за бугарските власти. На прес-конференцијата во Обвинителството беше обелоденото дека има уште еден преживеан. Ова тврдење бугарското Обвинителство го темели на фактот дека во автобусот биле пронајдени 44 тела, седум пациенти во моментот се болница, а во автобусот имало 52 луѓе. Обвинителите досега разговарале со двајца од преживеаните, а во моментот разговараат со уште двајца. Српскиот државјанин, кој практично ги спаси останатите кршејќи го прозорецот во задниот дел од автобусот пред истражителите истакнал дека вкупно биле спасени 8 луѓе. Постојат две можни верзии. Според едната, истражителите ќе треба да утврдат дали воопшто постоел тој осми преживеан. Другата теорија која ќе треба да се истражи дека осмиот преживеан најверојатно се префрлил во друг автобус, и така ја напуштил Бугарија. Се бараат и информации од македонските власти колку луѓе и кои точно луѓе ја минале бугарско-македонската граница.

Завршена е обдукцијата на сите 44 тела. Обдукцијата покажала дека сите починале како последица на задушување од чадот. Обвинителите денеска изнеасоа и дел од истрагата за тоа како всушност се случила несреќата. Најверојатна причина е човечка грешка. На местото имало траги на кочење. Автобусот се обидел да ја избегне банкината која се наоѓа до одморалиштето, но банкината удрила во десното предно тркало, ја заглавила вратата веројатно тука дошло до искрење кај еден од резервоарите на автобусот. За трагедијата да биде поголема, задната врата била блокирана кога автобусот влегол меѓу банкините кои ги делат двата правци на автопатот. Обвинителите денеска отфрлија голем дел од тероиите кои беа објавени во јавноста. Категорично отфрлаат дека станува збор за терористички акт. Според нив, во автобусот немало дополнителни туби со нафта, како што се тврдеше. Деталите во продолжение.

Сите пациенти во моментот се во добра здравствена состојба. На едниот пациент на кого вчера му беше извршена операција, и денеска влегол во операционата сала. Засега не се знае кога пациентите ќе бидат пуштени од болница.

Утре во Скопје пристигнуваат тим истражители од Бугарија кои треба да ги добијат ДНК анализите на роднините кои ги собираше Судска медицина во Скопје. Овие анализи ќе се вкрстат со податоците добиени од телата пронајдени во автобусот. Откако ќе бидат идентификувани, тие ќе бидат ослободени за да може да се вратат во Македонија и достоинствено да бидат погребани. Овој процес се очекува да трае неколку дена.