Македонија
10. September 2016 - 16:56

Сител тема: Станарите се жалат од фирмите за домување, а и фирмите се жалат од станарите

Расипани лифтови, темни и валкани ходници, искршени сандачиња, влезни врати, ишарани ѕидови, станарите  немаат слогаа, а со тоа ги заглавуваат зградите во долгови, а со тоа и живеат во лоши услови. Велат дека некогаш поради инаетот на дел од комшиите, не можат да ги соберат потребните средства за основни рабти.  Кога станува збор за големи дефекти, поправка на лифтови велат се чека и со месеци да се соберат пари , а за тоа време станарите се принудени да одат пеш и по неколку ката. Се жалат и дека управителите не си ја вршат работата до крај.

Управителите велат дека мака мачат со нередовоно плаќање на фактурите од страна на заеднциата. Обено проблем се големите поправки, покрив или лифтови.

- Освен што не ги  сервисирата редовно  долговоте кон нас поради што не можеме и не да ги наплатиме долгвоите кон компниите, станарите особено оние во старите згради очекуваат рпоблемите со кои имаат проблем 40 години да ги решиме за краток период и на крајот излегува дека ние не ги вршиме обврските како што треба, рече Тања Марковска , фирма за одржување на станбени згради

Од регулаторната комисија за домување потврдија  дека до нив постојано пристигнуваат поплаки  и од  граѓаните  и од управителите. За првите шест месеци, до нив се доставениоколу 200 жалби. 

- Проблемите се најазлични, станарите се жалат на управителите дека тие не ги исполнувале целосно обврските, ги завршувале само основните работи во зградата, кречење менување на сијалици и слично додека управителите се жалат од моментот кога тие ќе  го раскинат договорот со заедницата и на  целито процес на префрлување на документацијата но и на други рпоблеми.  Има управители што ги раскинале договроите со заеници, но и доста станари што се жалат од  нив, рече -претседател на регулаторна комисија за домување Ракип Малоски.

За тоа како работат управителкте  од комисијата посочија дека се одгворни општинските инспектори. Но велат, нивното функционирање на терен е незабележитено.

- Општинските инспектори  имаат надлежностз а изврашт увид во рабоатата на управителите. Но сепак нивната улога на терен не е забележителна зошто тие имаат многу надлежности и не можат да постигнат. Досега нема ниту регистрирано казни до страна на регулаторот зошто инспекторите не  вршат редовни конторли, рече  Малоски

Според извештајот на комисијата за домување заклучно со јуни годинава на ниво на држава над 56 проценти од станбените згради имаат ангажирано управител.  Досега на 13 управители им е одземена лиценцата поради неисполнување на обврските. Во моментов фукнционираат 36 фирми кои можат да се ангажираат.

Ако некој од станарите не сака да склучи договор и  редовно да плаќа за одржување на зградата, претседателот на заедницата тоа го прави со ангажирање на нотар или преку извршител каде се врши присилна наплата на долгот. Според комисијата  во многу случаи ако претседателот на заеднцницата дојде до ситуација да се тужи со соседот, во таков случај управителот начјесто ја превзема работата во свои раце.

Законот за домување стапи на сила во 2009 , а регулаторното  тело почна со работа  во 2010 та година.