Македонија
15. јуни 2017 - 17:21

Сител сторија: Мила има 6 години и е европски шампион во Хип-Хоп

Малата Мила Србиновска вечерва од Послка ќе пристигне Македонија каде својата победа ќе ја прослави со другарчињата и семејството. Нејзиното насменао лице на фотографијата кажува се. А гласчето кога ја слушнаваме по телефон уште повеќе. Не ми беше страв кога играв, ни се пофали новата европска шампионка во хип хоп за јуниори.

Љубовта кон музиката Мила  ја наследила од нејзиниот татко познатиот пејач Мартин Србиновски. Таа сега има шест години а хип хоп почна да вежба во студиото Брејк а Лег кога имаше само три години. Тренерот Трајче Петковски  кој со Мила е во Полска не е изненаден од нејзиниот успех. Беше убаво кога ја слушнавме македонската химна на доделувањето на титулите, но очекувавме дека ќе победи бидејки се работи за исклучително талентирано дете, ни раскажа Петковски за атмосферата на шампионатот.

Мила Србиновска го освои првото место  во  конкурениција од 27 танчери, на првенството за модерни танци во кое учествуваа 19 земји. Таа е член на студиото Брејк а Лег а покрај Мила со неа се натпреваруваа и Ума Муминовиќ и Максим Ѓоргоски.