Македонија
27. јуни 2017 - 17:04

Сител репортажа: Крие ли Куќата на цвеќето тајна за Јосип Броз?

Дали под овие мермерни плочи се наоѓа сандакот со посмртните останки на Тито или не? Дали тој почива во Куќата на цвеќето или е закопан на друго место? Зошто јавноста никогаш не виде дека е спуштен ковчегот? Зошто во директниот пренос од погребот на Тито, тој момент е изоставен? Кој стои позади ваквата долука? Трагајќи по одговорите на овие прашања, отидовме во куќата на Цвеќето во Белград.  

Куќата на цвеќето е зимската градина на Маршалот Тито. Таа е најпосетуваниот споменик од Атина до Букурешт децении наназад. Туристи организирано доаѓаат да го видат вечното почивалиште на доживотниот претседател на СФРЈ. Освен Валтер, го знаат и Тито:

Оваа тишина ја кршат само туристите. Оваа плочќа што сега стои на гробот на Тито е едната, но за да ја подигнат плочата неколку генерали кои го носеле ковчегот едната плоча ја преполовиле. Веќе утредента беше ставена нова плоча.

Режисерот Александар Мандиќ, кој беше ангажиран во директниот телевизиски пренос на погребот на Јосип Броз Тито, на 8 мај 1980 година, ексклузивно открива во интервју за "Спутник", што всушност се случило во моментот кога ковчегот со смртните останки на Тито бил спуштен во гробот.

- Овој момент никој го нема видено, па поради тоа до ден-денеска се активни шпекулациите дека телото на Јосип Броз воопшто и не е во "Куќата на цвеќето" на белградско Дедиње.
Погребот на Тито беше настан од светски размери. Никогаш повеќе странски претседатели и државници не се собраа на едно место.

Мандиќ вели дека преносот на погребот на Тито за него била животна задача.

"Колку што се сеќавам имаше 7 или 8 репортерски коли плус една камера во хеликоптер и тоа беше прв пат да се користи камера од хеликоптер. Моето репортерско возило беше на крај - пред "Куќата на цвеќето", вели Мандиќ.

Режисерот потенцира дека пред погребот одржале генерална проба за да се знае кој што и каде ќе се наоѓа во директниот пренос.

- Сите бевме на своите позиции, а една полициска кола одеше полека по трасата по која требаше да се движи погребната поворка. Ние сите по ред ги вклучувавме камерите и следевме тоа што ќе го правиме на денот на погребот, но по завршување на пробата ми се јавија и ми рекоа дека нема да може да се слика самиот чин на спуштањето на ковчегот во гроб, вели Мандиќ.

- Јас сепак некако успеав да се договорам да го снимам и чинот на спуштањето на ковчегот. Но, залудно. Токму во тој момент пред таа камера се беше црно. Му викнав на камерманот што се случува, но ништо не успеав да го разберам низ слушалките. Морав да прејдам на почесниот плотун и тој историски кадар од спуштањето на ковчегот со Тито во гробот го немаше во преносот. Подоцна се дозна дека бил ставен еден човек од УДБА пред камерата за да се попречи снимањето. Утредента веднаш почна приказната дека Тито воопшто не е погребан во "Куќата на цвеќето", а потоа тргнаа приказните дека тој воопшто и не умрел, истакна Мандиќ за "Спутник".

Најинтересно од целава приказна, која и ден-денес ја разбранува јавноста, е што наредбата да не се слика чинот на спуштањето на ковчегот со посмртните останки на Тито во гроб , ја издал еден функционер од Македонија кој во тоа време бил шеф на протокол.

Ова за Спутник го тврди Мандиќ, режисер на директниот пренос. Мандиќ не го открива идентитетот на македонскиот функционер.  Утредента по погребот, веднаш почна приказната дека Тито воопшто не е погребан во "Куќата на цвеќето", а потоа тргнаа приказните дека тој воопшто и не умрел.

Но, кој е мистериозниот Македонец? Дали е уште жив? Што прави, што работи сега? Во државниот архив на Македонија не постојат вакви податоци, ниту документи. Тие се наоѓаат во некогашниот државен архив на Југославија во Белград и се класифицирани документи.  Пребарувањето преку Интернет дава малку резултати за Протоколот на Тито. Единственото име кое се споменува е извесен М. Шестан како Шеф на протокол. Во сите други случаи сто само Шеф на протокол без име.

До отворањето на југословенската архива, останува мистеријата што се случило на погребот и кој тоа го наредил.