Македонија
19. September 2016 - 16:20

Сител истражува: Дали во Македонија има иницијатива да се донесе закон за вишоци храна? Годишно се фрлаат по 2.000 тони

Околу 26.000 тони храна годишно завршуваат на депонијата Дрисла. 24.000 тони е органска храна исфрлена од домаќинствата и угостителските објекти, а 2000 тони е храна со поминат рок од маркетите.

-Горан Ангелов, директор на Дрисла ДОО Скопје.

Разновидната храна која се уништува на Дрисла е 15 проценти од вкупниот отпад кој се складира на депонијата.

По примерот на неколку Европски земји соседна Србија подготвува закон за вишоците храна. Во таканаречени “банки за храна” ќе се собираат сите вишоци од рестораните, сендвичарите, но и од маркетите кои сеуште мо да се јадат, а потоа истите да им се дадат на социјално загрозените семејства и бездомниците.

Од Македонскиот Црвен крст велат дека идејата е добра да се применува и во земјава , но мора да се запазат некоколку клучни услови за да не се загрози здравјето на лицата кои би ја консумирале таа храна.

Дали Македонија ќе го следи примерот на многу држави и  кај нас да се донесе  закон за вишокот храна, министерот за економија Дритон Кучи не сакаше да коментира, само кратко одговори ако има такво решение министерството прво ќе ја информирало јавноста.