Македонија
7. July 2015 - 17:18

СИТЕЛ АНАЛИЗА: Зошто СДСМ сака власт без избори - ВМРО ДПМНЕ има девет последователни победи на избори



ВМРО-ДПМНЕ се бетонираше како водечка партија на македонската политичка сцена уште во 2004 година. Тогаш македонската јавност се кршеше околу предлогот за нова територијална поделба, кој беше подржан од владата на СДСМ.

Тогашната опозиција, предводена од Никола Груевски и многумина интелектуалци, силно застана против овој план, со кој македонците засекогаш го изгубија мнозинството во неколку општини од западна Македонија.

На референдумот околу 427,000 граѓани гласаа “против“ територијалната поделба. Овие гласови не беа доволни за да падне планот на СДСМ, но беа доволни за ВМРО – ДПМНЕ да победува на сите наредни изборни циклуси.

Сите овие граѓани почнаа во ВМРО-ДПМНЕ да ја гледаат единствената политичка платфорна која ги брани Македонските национални интереси. Политичките истражувања покажуваат дека од тогаш па наваму, 80% од овие 427,000 се стандардни гласасачи на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако денес е скандалозно тоа што Зоран Заев нуди изучување на албански јазик уште од градинка, за сите, на цела територија на република Македонија - тогаш беше скандалозно тоа што Радмила Шекеринска и Бранко Црвенковски нудеа општините кои се доминантно македонски да станат доминантно албански. Со слоганот “Некои прашања не заслужуваат одговор“ СДСМ ги повикувааше граѓаните да го бојкотираат референдумот. Оние кои беа против територијалната поделба, Шекеринска ги нарекуваше политички профитери.

На наредните избори по овој референдум, во 2006 тата, СДСМ доживеа пораз од околу 90,000 гласови разлика. Тогашниот лидер на партијата, го призна изборниот пораз, по кој почна внатрепартиската трка помеѓу него и Радммила Шекеринска за нов лидер на СДСМ.

Шекеринска успеа да го победи Бучковски во СДСМ, и ја водеше партијата на наредните избори во 2008мата кои ги изгуби со над 240,000 гласови. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ освои апсолутно мнозинство во парламентот кое му го донесоа неверојатните 481,000 гласови. И таа како и Бучковски го призна изборниот пораз.

По овој пораз во СДСМ се врати Бранко Црвенковски кој ја водеше партијата на изборите во 2011, и тогаш СДСМ изгуби, а ВМРО – ДПМНЕ повторно беше со над 430,000 гласови. Црвенковски исто како и претходно Шекеринска и Бучковски, го призна поразот со легендарната изјава – народот е во право дури и кога греши.

На наредните предвремени парламентарни избори, кои се одржаа лани заедно со претседателските, СДСМ беше предводен од Зоран Заев. Кој од Никола Груевски изгуби со над 200,000 гласа разлика. ВМРО ДПМНЕ го повтори неверојатниот резултат од 2006 кога освои околу 481,000 гласови.

За разлика од претходно Зоран Заев, не ги призна изборите, и со одбивањето да се врати во собранието ја отвори политичката криза која трае до ден денес.

Овие над 430,000 стандардни гласови кои ВМРО-ДПМНЕ ги држи упште од референдумот за територијалната поделба од 2004тата, се отсликаа и на претседателските избори од 2009 и 2013. Но и на претседателските во 2009 и 2013 кои Ѓорге Иванов ги доби прво против Фрчкоски а потоа и против Пендаровски со огромна разлика.

Оттука, емпиристите во политичката наука кои ги интересираат само бројки и истражувања сметаат дека тврдењата за изборни местенки, немаат смисла. Според нив, ВМРО ДПМНЕ уште од референдумот за територијална поделба го има ова стандардно гласачко тело.