Бизнис
15. јуни 2017 - 21:13

Сител анализа: Како се движат цените на становите во Скопје?

Не се очекува становите да поевтинат, цената стагнира. Иако НБРМ  соопшти дека цените во Скопје паѓаат, од  агенциите за недвижности велат дека  додека има раст кај пласманот на кредити и зголемена побарувачка  не може да се очекува поевтинување на квадратот.

- За да има пад на цените мора да има  намалување на кредитирање. Да има криза. Да нема побарувачка и да се заострат  условите за кредитирање. А со тоа не се соочуваме. Напротив во последниве  6 месеци има зголемување на кредитрањето, рече Влатко Богоевски- агенција за недвижности Фортон

Доколку се воведе предлог моделот кој во другите земји е познат како прва куќа годишно продажбата на станови ќе се зголеми за 2.000.  

Пред извесно време пак од народната банка соопштија дека  споредено со претходниот квартал цените на становите во Скопје се намалени за 2,7 отсто.Очекувааат и забавување на изградбата на нови објекти  со што би се стабилизирала цената.

- Најбарани се оние станови со големина од 40 до 60 метри квадратни. Најмногу се купува во Скопје, во другите градови интересот е поголем за куќа.