Фудбал
11. јуни 2018 - 16:23

Сите зборуваа за лудата забава: Протече видео од забавата на мексиканските репрезентативци со 30 ескорт дами

Девет репрезентативци на Мексико се фатени во друштво на 30 проститутки за време на подготовките за Мундијалот во Русија, а сега осамна и видео од славната забава.

Тоа била проштална забава пред заминувањето на планетарната смотра на фудбалот, а како изгледало сето тоа можеа да видат апсолутно сите преку социјалните мрежи.

Мексиканските медиумо претходните денови пишуваа за скандалот на репрезентативците, за нивниот 24-часовен провод со дури 30 „продавачки на љубоц“ на една локација во Мексико Сити, во квартот Лас Ломас.

Журката почна во саботата, недолго по натпреварот и траела до четири попладне наредниот ден.

„Стигнаа во куќата во Лас Ломас околу 10:30 во саботата, одлично си поминуваа со музика, пиење, игра и девојки. Добија еден слободен ден, и беа без своите девојки и жени, вели еден добро упатен извор.

Прашан зошто биле без своите поубави половини, изворот рекол „дека сакале да бидат немирни“.

„Зошто инаку би ви требале 30 ескорт дами“, додава изворот.