Македонија
8. July 2020 - 17:04

Сите вработени родители со деца-ученици до 10 годишна возраст се враќаат на работа

Се враќаат на работа вработените во воспитно образовните институции кои имаат деца до 10 години. Останатите вработени-родителите на деца до 10 години и натаму се ослободени од работа, освен тие кои работат во здравствениот сектор, полицијата и војската. Владата ја донесе уредбата по препорака на Комисијата за заразни болести, а поради неопходните обврски во изборниот процес. 

„Според одлуката на Владата, на работните места и во редовен работен процес се враќаат само родителите на деца, вработени во воспитно- образовниот процес во училиштата и вработените во институциите надлежни и со зголемен обем на работа за време на изборниот процес. “

Дел од јавноста беше доведена во дилема, дали оваа одлука, се однесува на сите родители кои имаат деца кои се ученици, односно деца од 6 до 10 годишна возраст. Од Владата прецизираа, дека ова важи само за оние кои иако имаат деца до 10 години, а се вработени во училишта. Иако учебната година е завршена и вработените се на годишен одмор. 

Според оваа одлука, во полно работно време се враќаат вработените во Основниот, Вишиот управен суд и ДИК. 

Пред неколку дена дури 100 здравствени работници од 110 посебни избирачки одбори, побараа да бидат изземени и да не бидат дел од избирачкиот процес. Барања се главно од лекари кои работат во скопскиот регион и од ДИК најавија нивно изземање, согласно законот. Наместо нив, во овие посебни избирачки одбори, претседателот Деркоски рече дека ќе бидат ангажирани здравствени работници од помалите градови. 

За Гласањето кое ќе се одвива 3 дена поради епидемијата со КОВИД-19, ќе бидат ангажирани поголем број лица, бидејќи новитет се тимовите кои во понеделник треба да одат на врата кај  граѓаните кои се позитивни на коронавирусот а се пријавиле да го остварат гласачкото право.