Џет-Сет
16. November 2017 - 22:28

Сите велат дека личи на Анџелина: Бред Пит си ќари девојка од кралското семејство?

Анџелина Џоли и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит објавија дека се разведуваат пред повеќе од година дена . Како што изгледа и двајцата тргнале по својот пат и пронашле нови партнери. Актерката повторно започнала нова врска со британскиот продуцент и филантроп, а Бред го поврзуваа со бројни колешки. 
 
Меѓутоа, како што се зборува, актерот сепак го освоила сосема друга девојка, која воопшто не е од светот на глумата. 
 
Станува збор за 30-годишната Шерлот Казираги, ќерка на принцезата Керолајн од Монако. Шерлот веќе две години е слободна, откога раскинала со актерот и комичарот Гад Елмалхом со кој има и 4-годишен син.