Македонија
20. November 2017 - 8:43

„Сите сме нивни деца“ - Недела за грижа за стари лица

Под мотото „Сите сме нивни деца“ Црвениот крст на Град Скопје ќе го одбележи почетокот на Неделата за грижа за старите лица.

На настанот по повод Неделата, ќе бидат презентирани сегашните и идните предизвици за давање грижа за оваа ранлива категорија граѓани, како и можностите за имплементација на јавниот социјален сервис.

Црвениот крст веќе осум години ваков социјален сервис во чии рамки се реализираат посети на стари и изнемоштени лица во домашни услови, а за активните стари лица функционираат три дневни центри.

За овие активност Црвен крст на град Скопје организира тим од пет медицински сестри, 12 волонтери, три одговорни лица во дневните центри и координатор.