Џет-Сет
1. March 2016 - 11:02

Сите се плашеа од него, освен Јелена - Еве што и рекол Аркан на Карлеуша кога ја нарекла Цеца ку*ва!

Непријателството меѓу пејачката Цеца Ражњатовиќ и Јелена Карлеуша трае дваесет години. Се започнало со една изјава на Карлеуша со која ги навредила сите пејачи.
 
Сопругот на Цеца, Жељко Ражњатовиќ Аркан, бил гостин во емисијата на Милован Илиќ и ја коментирал изјавата на Карлеуша дека „Сите пејачки се ку*ви“.
 
- Кога изјавила дека сите пејачки се ку*ви, тоа значи дека и за себе го кажала истото. И таа е пејачка, нели? Но, како што кажав таа сигурно била пијана или дрогирана кога го изјавила тоа. Тоа не е нормално за девојка од 20 години за себе да вели дека е ку*ва, - рекол Аркан.
- Таа сака да биде во очите на јавноста, но има лоши советници. Било кој и да ја советувал да ја даде оваа изјава не требало, бидејќи привлече негативна страна. Таа сама си ја гради кариерата, - заклучил Ражњатовиќ.
 
Иако овие зборови на Аркан во овој случај звучат многу смирено, ако малку се сетите на тоа време, моќта на Аркан била многу голема. И доколку некој друг го кажел ова ќе имал голем проблем, но не и Карлеуша.