Џет-Сет
9. September 2017 - 15:02

Сите погледи свртени кон нејзиното деколте: Актерката плени со своите облини

Филмскиот фестивал во Венеција познат како Мостра е место на кое овие денови се собираат најголемите ѕвезди од филмското небо.

Меѓу филмовите кои премиерно ќе бидат прикажани во рамки на 74. издание на Фестивалот се најде и филмот "Loving Pablo" (Сакајќи го Пабло).

Главните улоги во филмот за љубовната врска на Пабло Ескобар и новинарката Вирџинија Велехо ги толкуваат сопружниците Хавиер Бардем и Пенелопе Круз.

Брачната двојка блесна на премиерата на филмот, не целото внимание беше свртено кон Пенелопе.

Таа носеше гламурозен вечерен фустан во бела боја. Фустанот со многу длабоко деколте, украсено со пердуви и блескави циркони и стоеше прекрасно, а белата боја само дополнително го нагласи маслениот тен на убавата актерка.