Живот
25. September 2015 - 21:19

Сите почнале да врескаат: Мртво момче „станало“ да побара чаша вода и повторно легнало во ковчегот!

Се уште се бара објаснување за случајот кој го шокираше целото семејство, но иста така и јавноста. Келвин Сантос, две-годишното момче од Бразил лежел во мртовечки ковчег, откако во болницата во која бил го прогласиле за мртов.
 
Целиот настан се случил на почетокот на месец јуни 2012 година. Кога започнал погребот момчето се „рабудило“ побарало чаша вода.
 
Сите останале шокирани, бидејќи тоа се случило 20 часа откако момчето било прогласено за мртво.
 
Антонио Сантос, таткото на момчето изјавил за Daily Mail..
 
- Сите почнаа да врескаат, мислевме дека се случи чудо.
 
Но, за жал немало чудо.
 
- Келвин повторно легна како претходно, не можевме да го пробудиме. Беше повторно мртов, - изјавил таткото.
 
Семејството повторно го однеле момчето во болница, каде уште еднаш потврдиле дека е мртво. Таткото дури и помислил да ја тужи болницата, бидејќи неговиот син не бил соодветно лекуван.
 
Иако поминало долго време, за овој случај се уште не постои објаснување.