Живот
23. February 2016 - 11:23

Сите ние ги користиме, а поради нив годишно умираат 99.000 луѓе во Европа

Освежувачите за воздух и средствата за чистење се убијци во домаќинството, училиштата и работните простории, а во најновите извештаи се тврди дека годишно предизвикуваат смрт на 99.000 личности во Европа.

Извештајот зад кој стојат здраствените болниците во Велика Британија, предупредуваат за лошиот квалитет на воздухот кој го дишеме во затворените простории. Во домаќинството, расипаните бојлери, спрееви и освежувачи на воздухот, како и средства за чистење се истакнати како најопасни бидејќи содржат хемикалии кои лесно испаруваат и ние ги дишеме. Освен тоа, мебелот ткаенината и лепакот содржат материјал кој испарува и кој ги иритира дишните патишта.

И биолошките материјали кои се наоѓаат во домот, како што се прашина, мувла и влакна од миленичињата исто така може да наштетат на здравјето на луѓето.