Loading Video...
Фудбал
12. јуни 2018 - 17:27

Сите настани од Мундијалот, на ФИФА ТВ Ју-туб каналот

 
Светската спортсика јавност ги одбројува последните 40 часа пред стартот на најголемиот спортски настан летово, Светското фудбалско првенство во Русија. 
 
Полека сите учесници веќе пристигнуваат или се пристигнати во своите бази, каде ќе ги направат последните подготовки пред стартот на шампионатот, кој пак е закажан за во четврток од 17 часот, кога на стадионот „Лужники“ во Москва ќе истрчаат фудбалерите на домаќинот Русија и Саудиска Арабија. 
 
Од светската куќа на фудбалот (ФИФА) најавуваат и неколку новитети. Имено, ФИФА ТВ, веќе најави дека на својот официјален Ју-туб канал (YouTube), љубителите на фудбалот ќеможеда ги следат сите актуелности, од хајлајтски, интервјуа, прес-конференциии, вести се останато поврзано со и околу настапите на Мундијалот