Живот
9. May 2017 - 11:30

Сите на Балканот ја садат оваа билка: Носи десетици илјади евра заработка, а расте и во градините

Аронијата во последно време на Балканот стана исклучително популарна и барана, одлична вест е тоа што овој регион е многу поволен за оваа билка.
 
Многу студии покажале дека аронијата има антиканцерогено дејство. Покрај тоа, аронијата го успорува процесот на стареење на организмот и спречува развој на хронични болести.
 
Таа е одлична храна поради ниската содржина на калории и високата содржина витамини и минерали. Исто така, многу е богата со антиоксиданси.
 
Садниците аронија достигнуваат полн род во осмата година, даваат по 10 кг од грмушка, а моменталната цена за килограм прва класа е едно евро. Според некои проценки по хектар може да донесе приход од дури 12.000 евра!
 
Некои од произведувачите велат дека е прилично лесно да се одгледува аронија.