Балкан
26. February 2020 - 12:42

Сите луѓе што се под надзор во Црна Гора се чувствуваат добро

Сите лица кои во Црна Гора се под здравствено-санитарен надзор поради новиот коронавирус, се чувствуваат добро, информира денеска доктор Сања Меденица од Институтот за јавно здравје.

Синоќа беше објавено дека во Црна Гора моментално има 184 лица под здравствено-санитарен надзор поради актуелниот коронавирус.

Меденица, во утринската програма на ТВЦГ, изјави дека нивната состојба постојано се следи и оти лицата под надзор мораат да се јавуваат во здравствените установи двапати на ден.