Џет-Сет
12. March 2017 - 21:22

Сите ја прашуваат кога ќе се мажи: Сандра Африка со шокантен одговор

Пејачката Сандра Африка е во сериозна љубовна врска веќе 10 години, но кога станува збор за мажење се уште не размилува за тоа.

Пејчката шокираше со изјавата дека никогаш нема да се мажи и дека ја нервира тоа што и го поставуваат ова прашање.

-Кога ќе ме прашаат кога ќе се омажам, се чувствувам како да имам 100 години, како да сум баба девојка, рече Сандра.

-Нема да се мажам! Така ми е најлесно. Деца тоа е се ок. Мислам дека тоа парче хартија не ми значи ништо. Ако има љубов ќе ја има и без хартија. Важно е тој што ме сака да е покрај мене, со мене. Хартијата не ми е ништо, рече Сандра.