Џет-Сет
19. May 2017 - 11:50

Сите ја паметат брадестата жена која победи на Евровизија: Морав „да ја убијам“ Кончита

Еден од изведувачите на Евровизија што на многумина им остана во сеќавање е Кончита Вурст, кој победи во 2014 година. На победничката песна денес веројатно ретко кој се сеќава, но на „девојката“ со брада, која со својот настап ја подели јавноста, многумина лесно ќе се присетат.

Сега, Кончита многу повеќе личи на маж, а изведувачот кој се крие зад овој псевдоним, Том Невирт, неодамна изјавил дека неговата мажествена страна преовладала, па Кончита „морал да ја убие“.

– Сакам да создадам нов идентитет, различен од брадестата жена. Постигнав сѐ што сакав на Евросонгот. Том сега сака да излезе на виделина, па затоа Кончита морав „да ја убијам“ – изјавил Том за „Ди Велт“.

kon3

kon2

kon1