Бизнис
12. September 2018 - 19:46

Сите граѓани кои имаат приходи електронски да се регистрираат во УЈП до крајот на годината

И пензионерите  ќе мора компјутерски до УЈП да поднесат колку вкупно изнесуваат нивните примања во годината . Со новиот електоренски начин на поднесување даночна пријави  сите  лица кои годинава оствариле приходи плус и оние кои имаат прилив само од плата и пензија ќе мора до 31 декември електронски да се регистрираат  во УЈП на новиот систем таканаречен е- Персонален данок. Од таму повратно ќе добијат барање кое ќе треба дирекно да го достават на шалтер во УЈП.

Повозрасните граѓани кои нема да знаат компјутерски да се регистриораат ќе треба да ополномоштат друго лице во нивно име да го стори тоа.

Граѓаните кои нема електроски да се регистрираат ќе мора тоа да го сторат или на шалтер во УЈП или пријавата ќе им биде пратена по пошта.  Досега електронски регистроранис е 13 илјади граѓани. Со новиот систем за пријавување на пероснален данок се очекува да се соберат повеќе од 400 илјади даночни пријави.