Балкан
17. April 2017 - 12:29

Сите гласачки ливчиња се валидни, според Врховната изборна комисија

Претседателот на турската Врховна изборна комисија Сади Гувен ги отфрли денеска тврдењата на опозицијата за фалсификати на вчерашниот референдум за уставни измени, нагласувајќи дека ниту едно од гласачките ливчиња, прогласени за важечки, не е фалсификувано или незаконски пуштено. 

Гувен изјави дека сите гласачки ливчиња, кои граѓаните ги пуштиле на вчерашниот референдум за проширување на претседателските надлежности се важечки.

Тој изјави дека била донесена одлука да не бидат оштетувани гласачите, кои добиле погрешно гласачко ливче без печат. - Гласачките ливчиња не се фалсификувани, нема причина за сомневање, додаде Гувен. 

Тој истакна дека одлуката на Комисијата да дозволи ливчињата без печат да бидат прогласени за важечки не е без преседан и оти Владата и претходно дозволувала такви чекори.