Бизнис
28. September 2018 - 13:58

Системот за топлинска енергија во Скопје подготвен од понеделник да почне грејната сезона

Производителите и дистрибутерите на системот за топлинска енергија во Скопје се подготвени од 1 октомври да ја почнат грејната сезона доколку продолжат ниските температури, најави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски. 

- Со правилата за снабдување со топлинска енергија е предвидено грејната  сезона да започне од 15 октомври. Доколку има намалување на температурите најрано што може да започне е 1 октомври. Добивме известување дека доколку темературите се под 12 степени целзиусови производителите и дистрибутеритена топлинска енергија сеподготвени грејната сезона да ја почнат од понеделник, изјави Бислимовски.

Нагласи дека грејната сезона не може да почне во септември, бидејќи тоа е наведено во правилникот, а и со прерано започнување на сезоната и со невообичаени режими на топланите, нагласи, непотребно ќе се зголемат нивните трошоци што подоцна ќе се изрази врз крајната цена што треба да ја платат потрошувачите.

- Домовите се се уште загреани заради топлото време во изминатиов период и нема реална потреба да започне грејната сезона во септември, бидејќи би биле единствена таква земја во регионот. На крајот сите трошоци кои во необичаени  режими нар абота се даелеку повисоки од вообичаените ќе треба  да ги платат граѓаните преку зголемување на цената за топлинска енергија, рече Бислимовски.

Во наредниот период, како што потенцира, ќе се прават нови правила за снабдување со топлинска енергија и ќе се разгледа можноста грејната сезона да може да отпочне дури и пред 1 октомври, но пред се, додаде, ќе мора да го со гледаме финансиското влијание што ќе го има врз вкупните трошоци за работење.  

Повикот од БЕГ граѓаните да ги проверат системите за греење во домот и да ги пријават евентуалните дефекти во инсталацијата, Бислимовски го оцени како добар и вообичаен.

- БЕГ сега има посебна служба која работи на отстранување на дефектите кај граѓаните со цел на почетокот на грејната сезона да не се соочиме со пукање на вентили кои подоцна ќе направат значително поголеми трошоци кај домаќинствата, рече Бислимовски.