Македонија
24. March 2019 - 16:19

Системот ,,ДЕЛФИН‘‘ го минимизира фрлањето еритроцити од залихите со крв

Нема да се прават непоtребни залихи крв, а ако не се искорости да се фрлаат еритроцитите. Институтот за трансфузиона медицина од пред 1 месец има точна евиденција колку резерви на крвни единици има во целата држава. Контролата е овозможена со имлементирањето на таканаречениот “Делфин” систем.

-Тој систем овозможува следење на крвта од донирање па се до давањето на пациентот без можност да се направи човечка грежка при спроведување на постапката, изјави д-р Садула Усеини, директор на Институтот за трансфузиона медицина.

Со помош на воспоставениот систем Трансфузија планира да го сведе на минимум или воопшто да не се фрлаат црвените крвни зрнца, кои имаат рок до кога можат да се искористат. Ова беше забелешката и на државниот ревизор за работењето на Установата во 2017-та. Минатата година од вкупно 54.000 дарувања не биле искористени 9 проценти од еритроцитите.  Директорот на институтот вели дека сега имаат јасна претстава и доколку имаат вишок крв ќе можат да пролонгираат некоја акција, а во случај на итна потреба имаат регистар на крводарители и ги повикуваат, но засега како што велат имаат доволно крвни резерви за да ги покријат сите клиники и болници.

-Комплетно ќе знаеме со колку единици крв располага ИТМ и кои ни се потребите и преку тие бројки ние одлучуваме дали треба малку да пролонгираме некоја крводарителска акција, додаде д-р Усеини.

Новата апаратура на трансфузииологија за определување крвните групи овозможува директно да се префрлат во Делфин системот, а порано податоците ги внесувал медицинскиот персонал. На истиот начин поголема контрола е воспоставена и за болестите кои се пренесуваат преку крв.