СИРИЗА организира дебата за договорот во Солун, навивачите на ПАОК најавуваат протести
„Македонското прашање: придобивките од договорот и перспективите на Балканот“ е насловот на политичкиот настан-дискусија што вечер го организираат од огранокот на СИРИЗА во Солун. Паралелно, како реакција и во знак на несогласување со потпишаниот договор, навивачите на ПАОК, но и членови на солунско движење најавија протест пред културниот центар каде што ќе се одржи дебатата.
На настанот организиран од владејачката партија, планирано е да говорат пратеникот на СИРИЗА од Солун, Триандафилос Митафидис, координаторот за европска политика во СИРИЗА, Јоргос Верверис и професорот по политички науки од солунскиот универзитет Аристотелис, Вермуд Орбаке.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, навивачите на ПАОК, пак, најавуваат „пречек како што им доликува“ и ветуваат дека „нема да се одржи таков понижувачки пропаганден настан“.
- На 17 јуни ја потпишаа нивната конечна и неотповиклива пресуда, отстапувајќи го македонското културно наследство и признавајќи паралелно македонски јазик и идентитет за една државичка на Словените. Но, не останаа само на тоа, туку се обидуваат да не убедат за „огромниот успех“ на оваа нивна постапка и организираат настан за „придобивките“ од договорот, соопштуваат навивачите на ПАОК.
Независно од овој протест, на мирен собир, пред културниот центар во Солун повикуваат и од солунското движење под име „Движење Свирам“.
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците