Македонија
2. July 2019 - 19:17

Сириза: Костас Караманлис во својство на премиер во 2005-тата година прифатил име Македонија

Тогашниот грчки премиер Костас Караманлис пред 14 години прифатил двојна формула за името и да не се менува македонскиот устав, односно државата да го задржи уставното име Македонија за внатрешна употреба.

Повеќе грчки медиуми пишуваат дека партијата Сириза на актуелниот премиер Алексис Ципрас на неколку дена пред парламентарните избори обелодени писмо на Караманлис напишано до тогашниот американски претседател Џорџ Буш во април 2005 во кое официјална Атина се согласила со предлогот на Метју Нимиц името Република Македонија - Скопје да се користи непреведено само за меѓународна употреба и немало да го спорат терминот Македонски, а за јазикот немало да се водат преговори.

Според медиумите во Грција со ова Ципрас на неколку дена пред парламентарните избори сака да ја докаже хипокризијата на Мицотакис и обвинувањата на Нова Демократија дека Ципрас  го „продал“ името Македонија.