СИРИЗА: Атина е пасивен набљудувач на одлуките што другите ги носат за грчкото соседство
Пратениците на СИРИЗА, Јоргос Катругалос и Сиа Анагностопулу, надлежни за надворешна политика и европски прашања, ја обвинија актуелната грчка Влада за пасивност во однос на европската перспектива на Северна Македонија и Албанија.
Како што jави дописничката на МИА од Атина, Катругалос и Анагностопулу во заедничката писмена изјава за исходот од Самитот на ЕУ, коментираат дека грчката Влада била „пасивен набљудувач на одлуките што другите ги носат за нашето соседство“, додавајќи дека дури и Данска и Холандија биле поактивни отколку Грција.
– Владата на Нова демократија, следејќи ја пасивно германската позиција за поврзување на пристапните преговори на Албанија и Северна Македонија, за три месеци, ниту презеде каков било дипломатски притисок врз Албанија за решавање на отворените прашања на грчкото национално малцинство, ниту секако не го искористи Договорот од Преспа за промоција на улогата на Грција како во ЕУ, така и на Балканот, како столб на стабилност и мир. Резултатот беше Данска и Холандија да имаат поактивна улога во консултациите за Западен Балкан отколку Грција, велат поранешниот шеф на грчката дипломатија Катругалос и поранешната алтернативна министерка за надворешни работи Анагностопулу.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот